Skip to main content

Ердоган: Турција се соочува со пречки и одложувања во процесот на пристапување кон ЕУ речиси 50 години

facebook/Recep Tayyip Erdoğan
facebook/Recep Tayyip Erdoğan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Анкара се соочува со пречки и одложувања во процесот на пристапување во ЕУ речиси 50 години.

Ердоган додаде дека во текот на половина век чекање, Турција постојано се соочувала со разни изговори и формални оправдувања што го спречуваат завршувањето на процесот на преговори.

Оставивме 50 години зад нас. За жал, не хранеа со вербални игри, а овој процес на одложување продолжува и денес. Турција има втора најголема копнена армија во НАТО. Во овој период се соочивме и со отворени и со неизговорени ограничувања, вклучително и ембарга. И покрај ова, продолживме да ги развиваме нашите одбранбени способности. Следната фаза ќе зависи од чекорите што ќе ги преземе Европа“, изјави Ердоган.

Поврзани вести