Skip to main content
Се истражува семејна врска во трагедијата

Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во пукање во Тексас

Во вооружен инцидент што утринава се случил во Енглтон, во американската сојузна држава Тексас, две деца се убиени, а повредени се уште две малолетни лица, јавија американските медиуми.

Едно од убиените деца било на возраст од четири, додека другото имало 13 години.

Повредените деца, на возраст од осум и девет години, биле пренесени во болница, каде што моментално се во стабилна состојба.

Инцидентот се случил на станица за камиони, а локалната полиција привела осомничена жена.

Полицијата во моментов истражува можна семејна врска помеѓу осомничената жена и жртвите.

Поврзани вести