Официјален Кремљ обелодени дека девет нови земји ќе се приклучат на групацијата БРИКС во 2025 година.
Од 1 јануари 2025 година, Белорусија, Боливија, Индонезија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан ќе станат партнерски земји на БРИКС, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, пренесува ТАСС.
Според неговите зборови, Русија од овие држави добила потврда за подготвеност да добие таков статус. Ушаков, исто така, истакна дека официјална Москва го чека одговорот на уште четири земји.