
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен.
Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.
Украинското претседателство објави дека Трамп и Зеленски ќе имаат втора средба денеска, но подоцна беше објавено дека нема да има.
Претходно, Белата куќа и украинското претседателство одделно објавија дека двајцата претседатели имале кратка средба пред почетокот на погребот на папата Франциск, без да дадат детали за средбата, освен дека разговорот бил продуктивен