
Воздушниот простор на Белгија е премал за распоредување на американските борбени авиони Ф-35, коишто државата ги купи од САД, пишува францускиот весник „20 минути“.
Белгија стана предмет на потсмев со своето „мало небо“. Дури и белгискиот министер за одбрана се пожали дека небото над неговата земја не е доволно големо за вежби со американски авиони“, коментира францускиот весник.
Францускиот весник забележува дека авионите Ф-35 се покажале и како премногу бучни, односно пет пати погласни од Ф-16.
Весникот додава и дека дека друг проблем е цената на еден час лет со ваквите авиони, што изнесува приближно 50.000 евра.

Македонски







