
Белгија ќе испрати речиси 200 воени лица во Литванија по должината на границата со Русија, како дел од активностите на НАТО за заштита на источниот дел од земјата, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен
Мисијата е дел од пошироката стратегија на Алијансата за одвраќање од потенцијални закани од Русија, при што се воспоставени мултинационални борбени групи во осум земји од источна Европа. Белгискиот контингент ќе биде распоредeн по барање на Германија и ќе остане во Литванија до крајот на јануари наредната година. Составен е главно од извидувачи, артилерци и логистички експерти.
Франкен нагласи дека учеството во овие мултинационални сили ја зголемува подготвеноста и интероперабилноста на НАТО-сојузниците.
Во мај годинава беше објавено дека Белгија испраќа 800 војници во Романија, на границата со Украина, каде од 2022 година се спроведуваат редовни ротации во рамките на баталјон под француско командување.
Франкен додаде дека Белгија ќе обезбеди 140 милиони евра за противвоздушна одбрана на Украина, како и дека се разгледува можноста да се стави на располагање военотранспортни авиони А400М за поддршка на сојузничките сили долж источниот фланг на НАТО.