
Американски медиуми објавуваат дека американски тајни служби стравуваат дека постои таен сојуз меѓу Кина и јеменските Хути.
Според американското разузнавање, официјален Пекинг ја снабдува јеменската група со софистицирано оружје. Хутите користат кинеско оружје како беспилотни летала, противбродски ракети и прецизно наведувана муниција во нивните операции долж Црвеното Море.

За возврат, Хутите дозволуваат безбедно поминување на кинеските бродови низ овие важни морски патишта.