Skip to main content

Општина Могила одбележа 30 години постоење самостојна локална самоуправа

Фото: Општина Могила

Општина Могила со повеќе пригодни манифестации го одбележа јубилејот 30 години самостојна локална самоуправа.

Во свечената програма учествуваа ученици од општината кои приредија перформанс на новиот општински фудбалски стадион, членовите на општинскиот Совет одржаа свечена седница, а градоначалникот Драганчо Саботковски додели јубилејни плакети и признанија.

-Три децении заедно ја градиме нашата општина, ја чуваме нејзината историја и традиција, и создаваме подобра иднина за генерациите што доаѓаат. Триесет години градиме заедно, од минатото преку сегашноста, кон иднината, посочија од Општина Могила.

Во рамки на програмата, вечер на плоштадот „Св. Никола“ во Могила ќе биде одржана музичка забава со македонската фолк ѕвезда Анета Љумаковска.