Skip to main content

Хамес Родригез се враќа во колумбискиот фудбал

Фото: Freepik

На крајот на европската кариера и краткотрајната авантура во Соединетите Американски Држави, Хамес Родригез одлучи да се врати во колумбискиот фудбал.

Тој потпиша едногодишен договор со можност за продолжување со Атлетико Насионал, каде што доаѓа како слободен играч по разделбата со Минесота.

За време на летниот преоден рок, играчот се поврзуваше со различни клубови, меѓу кои и италијанскиот второлигаш Авелино, но на крајот пресуди желбата за настап пред домашната публика.

Ова претставува само втор колумбиски клуб во неговата сениорска кариера, чиј почеток датира од 2006 година во редовите на Енвигадо.