
Околу 100-200 американски воени советници се наоѓаат на терен во Саудиска Арабија, за да обезбедуваат разузнавачки информации во реално време и поддршка за таргетирање против Хутите, објавува „Си-Ен-Ен“.
Според американската телевизија, команда на заедничките сили била формирана во последните неколку недели откако Иран ја зголеми поддршката за движењето Ансаралах (Хутите), вклучувајќи и распоредување стотици офицери на ИРГК во Јемен за координирање на воената кампања против силите поддржани од Саудиска Арабија во градот Моха.

Како што објав „Си-Ен-ЕН“, американските сили споделуваат алатки за таргетирање и геопросторна поддршка, но не учествуваат директно во нападите или полнење со гориво на саудиските авиони.

Македонски


