Skip to main content

Се докажа дека нема ништо незаконско во прославата за Денот на независноста: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче да се извини

По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години независност и согледување на фактите дека нема ништо спорно и ништо незаконски, СДС, Венко Филипче и нивните контролирани пера треба да ѝ се извинат на јавноста што ја лажеа, бара ВМРО-ДПМНЕ,

После сè, на површина излезе тоа дека Венко Филипче и СДС се и против независноста и се антимакедонски елемент. Тие се срамат од помислата да имаме горд и среќен народ.

Таквата нивна позиција ја следат оркестрирани пера од СДС, кои против поединци и уметници водат организирана хајка.

Тука ќе ја видите сета немоќ и одработување за туѓи интереси. Попладне Венко се бори против некаква српска свест, а втората половина се бори за заштита на турбо-фолк и негов влез.

Затоа човекот сам се препознава во талогот кој ќе биде поразен.

Поврзани вести