Skip to main content

Во судири меѓу владините сили и Хутите во Јемен загинаа повеќе од 60 луѓе

Screenshot

Повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и цивили, загинале во судири меѓу владините сили во Јемен, поддржани од Саудиска Арабија и бунтовниците Хути, соопштија воени и медицински извори.

Според три јеменски воени извори, во повеќечасовните борби во југозападниот дел на земјата загинале 26 припадници на владините сили, додека медицински и воени извори од Хутите соопштија дека загинале 31 бунтовник.

Во градот Таиз што е под контрола на владата, во ракетен напад врз автобус загинале шест цивили, а седум други биле ранети.

Владин претставник го обвини Хутите за ракетниот напад врз автобусот што сообраќал меѓу Таиз и Аден, седиштето на меѓународно признатата јеменска влада.

Новите судири во југозападен Јемен се случуваат во услови на обновена ескалација на борбите за контрола на пристапот кон Црвеното Море, откако во јули пропадна примирјето од 2022 година.

Во вчерашните борби загинале 129 лица, според билансот составен врз основа на податоци од повеќе извори.

Поврзани вести