
На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.
„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница“, соопшти партијата.
По смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, во Општина Брвеница се распишани предвремени избори за градоначалник. Изборите се закажани за 18 октомври. Државната изборна комисија на 7 август го усвои роковникот за предвремените избори за градоначалник на Брвеница.
Илиевски почина на 23 јуни 2026, по што беше активирана законската постапка за избор на нов градоначалник.
Извор: МКД.мк

Македонски

