Skip to main content

„Ројтерс“: САД поставуваат ултиматум до сојузниците: Изберете американска или кинеска вештачка интелигенција

Freepik

САД им поставуваат на земјите ширум светот ултиматум да изберат помеѓу американска или кинеска вештачка интелигенција.

Официјален Вашингтон повеќе не е задоволен со водењето трговски војни и воведувањето санкции, па САД сакаат да ги принудат своите сојузници да одлучат со кого ќе развиваат вештачка интелигенција, објави „Ројтерс“.

Според агенцијата, Стејт департментот подготвил писмо до 35 земји во кое предупредува дека учеството во американската иницијатива „Pax Silica“ е некомпатибилно со приклучувањето кон проектите на Пекинг, чии цели се спротивни на оние на САД.

Во суштина, Вашингтон ги замолува своите партнери да изберат: американски платформи и технологии за вештачка интелигенција или кинески.

Со ваквото барање, САД се надеваат дека ќе го ограничат пристапот на Кина до критични технологии и ресурси.

Поврзани вести