
Бен Шелтон и Карлос Алкараз, својот меч од четвртфиналето го завршија во 3.34 часот (по локално време) наутро во средата со што е поставен рекорд – најдоцна завршен меч во 145 годишната историја на УС опен. Тениската легенда Мартина Навратилова упати остри критики до организаторите токму по овој меч.
Доцните завршници на мечевите не се новост на УС опен. Алкараз со Јаник Синер во 2022 година завршија меч во 2.50 часот наутро, што беше досегашен рекорд. Но, оваа година дури четири меча имаа крај по два часот наутро.
Дополнителен проблем е и фактот што некои мечеви не почнуваат во разумно време, а Шелтон и Алкараз почнаа нешто по 23 часот, додека Венус Вилијамс и Софија Кенин и по полноќ имаа старт.
Навратилова смета дека распоредот на вечерната сесија мора да претрпи промени, па дури предложи да се играат еден меч во сингл и еден во двојки.
„Во ниту еден меч не може да почне или во 11 наутро или во 11 навечер. Ова не е ок и не е нормално“, изјави Навратилова.
Со слично размислување е и британскиот тенисер Тим Хенман, кој работи како аналитичар на УС опен. Тој смета дека вечерните мечеви се заштитен знак на УС опен, но дека меч не треба да почне пред 22 часот или да биде префрлен на друг терен.
Дел од тениските се на размислување дури и на скратување на мечевите, односно наместо во шест да се играат во пет добиени гемови.

Македонски

