
Јакуп Хусеини е кандидатот за градоначалник на Влен на Општина Брвеница. Тој е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината, соопшти Влен.
„Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности. Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности. Со оваа кандидатура нудиме кандидат со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница. Од првиот ден, во служба на жителите на Брвеница“, соопшти Влен.
По смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, во Општина Брвеница се распишани предвремени избори за градоначалник. Изборите се закажани за 18 октомври. Државната изборна комисија на 7 август го усвои роковникот за предвремените избори за градоначалник на Брвеница.
Илиевски почина на 23 јуни 2026, по што беше активирана законската постапка за избор на нов градоначалник.
Извор: МКД.мк

Македонски

