Skip to main content

ПМФЛ: Две нерешени средби во Кавадарци и Гостивар

Фото: Freepik

Двете средби од 7.коло од Првата македонска фудбалска лига, одиграни денес во Кавадарци и Гостивар завршија со идентичен резултат 2-2.

На дербито во Кавадарци, се сретнаа трето и четврто пласираните екипи на табелата, Тиквеш и Струга Трил Лум.

Натпреварот почна одлично за домаќините. Кавадарчани во 12-минута поведоа со 10-, со голот на Бразилецот, Лусианињо. Сепак радоста на домашните фудбалери и навивачи не траеше долго.

Само шест минути подоцна (18) Французинот, Хамонд Агама израмни на 1-1. Пресвртот дојде во финишот на првото полувреме (43) кога Марјан Радевски донесе предност на стружани од 1-2.

Желбата на кавадарчани да останат не поразени ја исполни уште еден Бразилец, Ренатињо кој израмни на 2-2 во 88-мата минута.

На вториот денешен натпревар, одигран во Гостивар, тимот на Аресими го „откина“ два бода на составот на тетовска Шкендија со која одигра 2-2

Тетовци за само четири минути постигнаа два гола. прво Бесарт Ибраими (18.минута) со ефектен гол од слободен удар донесе водство од 0-1. Токму по неговото нафрлање во 29-тата Малиќчи зголеми на 0-2. Шанса за 0-3 и тоа двојна имаше Ндзенгуе, но неговите обиди ги одбрани домашниот голман Сиљановски.

Затоа во финишот на првиот дел Колумбиецот, Контрерас ја затресе мрежата на гостите и намали на 1-2. Истиот фудбалер во 80.минута уште еднаш ја затресе мрежата на тетовци и ги постави конечните 2-2.

Четири минути подоцна гостите имаа и многу среќа кога по ударот на Дардишта, одбиената топка од голманот Рамани заврпи во пречката.

Поврзани вести