Skip to main content

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување.

Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување.

Изборната комисија на Град Скопје достави известувања за отстранување на неправилности и недостатоци до сите политички партии, коалиции и групи избирачи. Како што се врши надминување на забелешките, непотврдените листи преминуваат во статус на потврдени.

Дополнително, судовите имаат доставено податоци за кандидатите, согласно законот. За кандидатите кај кои се потребни измени, политичките субјекти самостојно обезбедуваат потврда од надлежен суд за кривична и казнена евиденција.

Поврзани вести