Skip to main content

Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Советот на Град Скопје ги намали надоместоците на членовите на управните одбори и на надзорните одбори на јавните градски претпријатија, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Намален е и бројот на членовите на одборите.

Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.
Затоа, на денешната седница на Советот на Град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број. Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале“, обави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во минатото, додаде тој, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.

Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа. Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница. Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари. Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори. Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на 7. Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје. Времето на „како досега“, завршува“, потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Поврзани вести