Skip to main content

„Сејф сити“ ќе казнува и за зборување на мобилен и неносење на појас?

Астриу Исени, заменик министерот за внатрешни работи,синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека казните од проектот „Безбеден град“ ќе пристигнуваат со приложени фотографии. Ќе имало казни и за неносење сигурносен појас и за зборување на мобилен телефон.

„Казната ќе вклучува и фотографија. Ќе се види дали возачот носел сигурносен појас или зборувал на телефон“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени во Click Plus.

Исени, меѓу другото, нагласи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку, како што додаде, да се подигне свеста за невнимание.Исени најави дека казните од „Безбеден град“ ќе бидат и на албански јазик.

Поврзани вести