
Утрово, теренските екипи од вонградско зеленило на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат реконструкција на парковските елементи на Средно Водно.
Од јавното претпријатие информираат дека низ парк-шумата се врши замена на оштетените делови, бојадисување за нивна заштита, како и чистење на смет и отпадоци.
Упатуваме апел до сите граѓани да се грижат за парк-шумата Водно, да не го одложуваат сметот било каде во зеленилото на падините и да не ја оштетуваат парковската опрема“, порачаа од ЈП „Паркови и зеленило“.

Македонски


