
Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје со освоени 59,74% од гласовите, односно 71.875 гласачи.
Неговиот противкандидат, Амар Мечиновиќ од Левица, има поддршка од 34,51%, што претставува 41.522 гласа.

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 540 од вкупно 685 избирачки места, што претставува 78,83%. Излезноста во главниот град изнесува 77,53%, односно 367.722 гласачи од запишаните 474.304.
На изборната карта, Скопје е обоено во жолта боја, што ја симболизира доминацијата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на неколку централни општини каде води Левица.

Македонски







