Skip to main content

Општина Гази Баба ќе субвенционира стерилизирање на домашни миленици

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на стерилизацијата на домашни миленици.

Локалната самоуправа целосно ќе ги надомести трошоците, но тие најмногу треба да изнесуваат 6.000 денари по миленик, а право на учество имаат жители на општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација.

За да аплицираат, жителите треба да поднесат документација дека миленикот да е регистриран и чипиран, со валиден пасош, стерилизацијата да е извршена во регистрирана ветеринарна установа на територија на општината и да има доказ за извршена уплата.

Барањата се поднесуваат во затворен плик во архивата на Општината, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Поврзани вести