
Изминатиов викенд екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај.
На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев” согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај.
ЈП „Улици и патишта” – Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа сообраќајница.