Skip to main content

Митески: Во Аеродром првпат градиме основно училиште, градинка и спортска сала истовремено

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, вели актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески.

Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот, рече Митески во гостување во Дневникот на телевизија Сител.

Митески потенцираше дека и покрај овие блокади и несоработка, изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.

Тој се осврна и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.

За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив, истакна Митески.

Поврзани вести