
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барцелона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План“, вели Меџити во видеото од разговорот со познатиот архитект, Бајрам Вардар.
Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, како и бил главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие две милионски градови.
Бајрам Вардар по потекло е од Скопје.