Skip to main content

Костовски: Општина Бутел ќе помогне со 120 000 денари на трите близначиња од Радишани

Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња, објави на Фејсбук градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив !

Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, Општина Бутел.

Поврзани вести