Skip to main content

Градоначалникот на Аеродром спречи истурање шут во Ново Лисиче

Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески на својот Фејсбук профил објави видео како на лице место фатил камион кој истура градежен шут во Лисиче.

Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на „Генералка Викенд“ за почиста околина, спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче.

Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина.

Случајот веднаш е пријавен во полиција и до комуналните служби, стои во објавата на Митески.

Поврзани вести