Skip to main content

Град Скопје склучи договор за нов Луна парк вреден 10 милиони евра

Градот Скопје наскоро ќе добие нов лунапарк, проект вреден околу 10 милиони евра.

Имено, договорот за проектирање, набавка и монтажа на реквизити е склучен со компанијата Мастеф.

Новиот забавен парк ќе се гради на проширена површина во однос на стариот лунапарк, вклучувајќи и дел од просторот каде што претходно беа летните дискотеки во Градскиот парк, кои неодамна беа отстранети.

Проектот предвидува поставување на околу 20 нови реквизити, меѓу кои панорамско тркало, ролеркостер, пиратски брод и други адреналински и семејни атракции.

Просторот ќе биде дизајниран за околу 3.000 посетители дневно и ќе вклучува и придружни содржини како угостителски објекти, фонтани, билетара, продавници за сувенири и санитарни јазли.

Идејата за нов лунапарк во Скопје се провлекува повеќе од една деценија, со неколку прекинати и изменети проекти низ различни градски администрации.(МИА)

Поврзани вести