
Во врска со излeгувањето на Арбен Таравари од владејачката коалиција и евентуално коалицирање со него, Филипче рече дека СДСМ партнерите ќе ги бара преку начин на соработка во насока на остварување на програмата за локалните избори, како и преку взаемно почитување на политичките субјекти.
– Тоа е начинот на кој ги идентификуваме нашите коалициски партнери. Веќе имаме потврдени партнери, за локалните избори работиме на креирање на советничките листи. Сигурни кандидати за престојните локални избори се актуелните градоначалници на Центар и на Крушево, Горан Герасимовски и Томче Христовски, рече Филипче