Skip to main content

ЗНАМ најави интерактивна платформа со вештачка интелигенција – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Од движењето ЗНАМ -За Наша Македонија денеска информираа дека е во функција, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“.

„Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите“, вели Маја Рисова Мутлулар од владејачката партија.

Според неа, „ZnamGPT“ претставува „чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина“.

„Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги“, рече Рисова Мутлулар.

Таа додаде дека платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот „www.znamgpt.mk“.

Поврзани вести