Skip to main content

Жерновски отповикан од амбасадор во Романија

Андреј Жерновски е отповикан од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Романија со указ потпишан од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Самиот Жерновски го објави указот објавен во Службен весник на 14 февруари 2025 година. Указот влегува во сила на денот на донесувањето, а министерот за надворешни работи е задолжен да го изврши.

Жерновски на својот профил на Фјесбук денеска објави дека од Службен весник дознал дека е отповикан од должноста амбасадор без, како што вели, никаква претходно добиена информација.

„По 192 дена откако ме вратија на ‘консултации’ во државата, при што брутално е погазен Законот за надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално“, напиша Жерновски.

Поврзани вести