
ДУИ ја губи поддршката меѓу граѓаните. Од избори на избори, ДУИ бележи континуирано намалување на бројот на пратеници и градоначалници. Граѓаните на секои избори сѐ појасно ја испраќаат пораката дека не сакаат повеќе да бидат управувани од корумпирана и истрошена структура. Наместо доверба, ДУИ се соочува со масовно разочарување и гнев кај своето гласачко тело, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
ДУИ е скоро без кандидати во албанските средини. На овие локални избори, ДУИ нема свои кандидати во најголем дел од општините каде што Албанците се во огромно мнозинство – Гостивар, Струга, Сарај, Дебар, Врапчиште и многу други. Тие целосно се повлекоа од местата што се симбол на албанското политичко организирање. Таму каде што сѐ уште имаат кандидати, и самите знаат дека ќе изгубат. Ова е најјасниот доказ за длабоката политичка криза во која западна оваа партија.
Се намалуваат и коалициските партнери. ДУИ некогаш се претставуваше како фактор на обединување. Денес е напуштена од речиси сите сериозни коалициски партнери. Секојдневно политички партии и поединци ја напуштаат нивната коалиција, разобличувајќи ги погрешните политики и коруптивните практики на раководството на Али Ахмети. Со ДУИ останаа Данела Арсовска, Левица и неколку поткупени албански политичари.
ДУИ е претворена во приватен бизнис. Денес, ДУИ повеќе не е политичка партија, туку приватен бизнис на мал број луѓе од врвот на раководството. Тие изградија сопственички империи во енергетскиот сектор, трговијата, нафтениот бизнис, градежништвото и недвижностите. Политичките позиции се користеа за лично збогатување, додека граѓаните остануваа без решенија за своите проблеми. Со оваа партија останаа само оние што се уценети или потплатени.
Народот веќе подолго време ја казнува ДУИ. Изборите се најверодостоен репер за политичката сила. На претстојните локални избори ДУИ нема да освои ниту една значајна општина. Нивната линија на политички пад трае со години и тоа е неповратен процес. Граѓаните, и особено Албанците, конечно ја препознаа вистината: дека ДУИ не е алатка за развој и еднаквост, туку пречка и товар за нивниот напредок.