Skip to main content

Во Кавадарци субвенционирање на сметки за комунални услуги на граѓани во социјален ризик

Јавен повик за субвенционирање на сметки за комунални услуги на граѓани изложени во социјален ризик, објави јавното претпријатие „Комуналец” во Кавадарци, врз основа на одлука донесена од Советот на Општината. 

Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува 800 денари месечно по корисник. Од општинскиот буџет во 2025 година,  за оваа намена се планирани финансиски средства во износ од 970 илјади денари, што ќе бидат наменети за покривање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени во социјален ризик, информираат од претпријатието. 

Оттаму соопштуваат дека јавниот повик ќе трае до искористувањето на предвидените средства за оваа намена.