
Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски пари кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена. Чест на исклучоци, но во СДС скоро сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж или пак сторен криминал, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата на која што беше директорка за над 20 милиони денари, за случај за која е осудена со уште две лица. Затоа СДС молчи и се одзива кога ќе се спомне Димова. На крај, ќе речат дека ја познаваат од телевизија.
Тогашниот премиер Зоран Заев, ја присили Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Пари кои биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Затоа и деновиве кога СДС ќе излезе со соопштение или прес-конференција, народот не им верува.
Затоа што народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција. Затоа што народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДС има направено криминал, а тој криминал го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да ја промениме!, велат од ВМРО ДПМНЕ.