
Колку и Венко да се обидува да ја продава својата “нова програма“ како некоја голема промена, вистината е дека ништо ново не постои и дека позади секоја негова изјава и секоја негова “иницијатива“ стои агенда која ја носи СДС во пропаст, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче како поранешен министер за здравство се обидуваше да профитира од буквално се што можеше, и му се случија најголемите скандали и го креираше системот кој ја урна довербата кај граѓаните, па затоа сега не може да се претставува како реформатор без тоа да звучи како навреда за интелигенцијата на граѓаните.
Филипче е тој кој во јавноста остави перцепција дека системот се користеше за личните интереси, а не за граѓаните.
Заев и понатаму ја има реалната тежина и влијание врз СДС а тоа се потврдува со лицата кои сега се дел од највисокото раководство на партијата, а се блиски до него.
Ниту еден пиар трик, ниту најдобро осмислена кампања предводена од Башанвиќ не можат да ги избришат скандалите на Филипче за секоја неуспешна политика и секој обид за профит, додека Заев ја води и ја контролира партијата од позадина и гарантира дека истиот модел на лоши практики ќе продолжи.
Филипче е формален лидер без визија, без нови идеи, без способност да промени било што.
Реалноста е дека СДС се наоѓа во длабока криза токму поради луѓето кои ја водат, а Филипче се обидува да им ја избрише меморијата на граѓаните, со вакви нови амбалажи.
Според најновите анкети, СДС е трета партија во државата и нема ни цели 5% доверба од граѓаните, а Филипче како лидер е петти и далеку од тие 5% кои ги ужива партијата . И ова е сурова, непопустлива реалност која не може да се избрише.
Со лидер рангиран уште пониско од самата партија и со пад на довербата кај граѓаните јасно дека ниту една кампања не може да ја прикрие длабоката криза и изгубениот кредибилитет, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски



