
По стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија, реагираат преку соопштение од најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ.
Кога мислевме дека од Заев нема полошо, Филипче е тука да не демантира и да ни покаже зошто мора да се поразат овие квази политичари кои ја мразат сопствената држава и ги распродаваат националните интереси и не смее да се дозволи да помислат дека некој ќе им даде нова шанса да ги повторат предавствата.
И сето ова се случува од Грција, од каде фирмата која му го купи џипот на Венко Филипче купуваше јаглен.
Џип и фирма за кои Филипче со денови молчи и не дава одговори – како и зошто му купиле џип, и како и зошто 9 милиони завршиле на сметка на фирма на Заеви во Бугарија, реагира ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.