
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина. Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди се случуваа токму во времето на СДС и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал. На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните. Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите, се наведува во соопштението.

Македонски






