
Главниот обвинител, Љупчо Коцевски дословно и покорно ги слуша пораките и наредбите кои му доаѓаат од партијата СДС. Наместо да служи на граѓаните и на правдата, Коцевски се стави во партиска служба и заштита на криминалите и криминалците од редовите на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека на денот на гласањето недоверба во македонското Собрание, освен што пратениците на СДС го поддржаа истите му упатиле и јасна порака, или е „со штитот или на него“.
-Па така, Коцевски буквално ја сфатил и дословно си ја применува пораката, и наместо на народот и служи на партијата.
Како што до сега ги бранеше, така и во периодот што следи ќе продолжи да ги штити од одговорност сите функционери на СДС вклучени и фатени во сериозни криминали.
Очигледно е дека Коцевски до последно ќе си обработува за подарената фотелја од СДС и дека, и покрај изгласаната интерпелација, нема да си поднесе оставка.
Затоа што нему, поважна му е удобната фотелја од спроведувањето на правдата во државата, а угледот и интегритетот на правосудството ниту го интересира.
Тоа што довербата на граѓаните во правосудството е сведена на статистичка грешка од само 2%, за Коцевски е небитно, важно тој да си одработи и како до сега, да ги заштити криминалците од СДС.
Но и покрај неговата заштита, Коцевски треба да знае дека ќе дојде време на одговорност на тие кои ги штити, ама и на тие кои ги штитат.
Одговорност за криминалот и за непостапувањето против криминалот, ќе има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Не сите обвинители се Коцевски. Во правосудниот систем има професионалци и луѓе со интегритет кои сакаат да си ја вршат работата согласно закон и за кои правдата е светост.
Затоа, нашиот апел е упатен токму кон нив, ги охрабруваме да продолжат професионално и согласно закон да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците од партиските истурени кадри во институциите.
Доаѓа време за одговорност, владеење на правото и правдата во државата, се вели во соопштението на партијата на власт.