Skip to main content
YLSlDa07TdM

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

фото: скриншот Сител

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора да се насочи таму и оти гледа дека некои случаи се отвораат, се истражуваат и се работи на тој план.

Од една страна ја имаме владата која кажува дека борбата со корупција е број 1 приоритет и тоа е позитивно. Гледаме дека се отвораат случаи, се истражуваат, се работи на тој план. На терен се случи оваа непоимлива траедија која демонстрираше корупција и небрежност, ќе видиме како ќе тера истрагата, правосудството треба да ја истера работата. За нас е значајно судство обвинителство, совети да имаат средства и буџет да работат без влијание и верувам дека е ова сфатено и дека владата работи на оваа цел, рече Рокас.

Поврзани вести