Skip to main content

Вицепремиерот Сали во Брисел се сретна со директорката за Западен Балкан

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел оствари средба со директорката за Западен Балкан, Валентина Суперти. 

За време на средбата се дискутираше за напредокот на Македонија во спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст, при што земјата покажува одржлив напредок во клучни области како владеење на правото, јавната администрација и дигитализацијата на услугите. Исто така, беше оценет напредокот во подготовката на Роадмеповите за реформи и тековната координација со Европската комисија“, информираат од Кабинетот на Сали. 

Вицепремиерот ја истакнал посветеноста на Владата за унапредување на реформите и за постојана поддршка од европските партнери, како и подготвеноста за справување со практичните предизвици, како што е имплементацијата на Системот „Exit/Entry“ за транспортерите.

Во рамки на соработката со Претседателството на Кипар и европските институции, било повторено дека Македонија се обврзува да продолжи со брзи и одржливи чекори кон интеграцијата во Европската унија, обезбедувајќи стабилност, просперитет и одржлив развој за граѓаните.