
Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог?,прашува Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција.Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата.
Дали преку таквата резолуција се нудиш како Заев што се нудеше своевремено?
СДС и Филипче мислат дека тоа што поминало еднаш, ќе помине и втор пат. Забораваат една работа, народот е мудар и не можат да го прелажат.
Од километар се гледа намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции
Ако Венко Филипче е искрен тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори.
Венко Филипче е прочитан и народот уште еднаш ќе го казни СДС на овие избори