Skip to main content

Тренчевска е производ на Заев и потврда дека во СДС нема капацитет за реформи, тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

Реформите во СДС уште еднаш се покажаа како чиста фарса. Зоран Заев како претседател во сенка го скрои „новото“ раководство по негов терк а чуварот на фотелјата на Бихачка Венко Филипче го презентираше во јавноста, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еден лик од кругот лојален на Заев е и Јована Тренчевска која овојпат ја доби улогата на потпретседател на СДС. Тренчевска е доказ дека во СДС нема промени, нема реформи и нема нови кадри. Напротив со изборот на „новите“ кадри во СДС само се потврди недостатокот на кадри во партијата и внатрепартиската криза.

За политичката кариера на Јована Тренчевска и нејзиниот подем заслужен е токму Зоран Заев. Таа станува државен секретар во Министерството за труд и социјална политика токму во времето кога Зоран Заев е премиер. А потоа станува и директор во владата на Заев на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика.

Тренчевска е производ на Заев а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно.

Тренчевска е запаметена и по скандалозното враќање на работа на трговец со дрога на позиција директор на социјалното во Радовиш, Александар Филев.

Пензионерите ја паметат Тренчевска и по циничните пораки кои им ги упатуваше дека „добро им било“ да живеат со 25 000 денари месечни примања кога инфлацијата беше двоцифрена.

Синдикалците пак ја паметат Тренчевска по политичко мешање и местење претседатели на синдикатите по насока на нејзиниот лидер. Тренчевска е запаметена и по кочењето на 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во Бутел и во Куманово.

Дополнително лицемерие на Тренчевска е што минатата година по изборниот пораз на парламентарните избори си даде оставка од претседател на форумот на жени, каде што рече дека местото го остава на нови, поквалитетни и лица неизвалкани од минатото.

Тренчевска само 1 година подоцна без срам и без принципи ја прифати функцијата потпретседател на СДС само да му удоволи на Заев.

Со ваквиот избор на кадри СДС продолжува да тоне. Народот одамна им свре грб и повеќе не им верува. СДС со старо новото раководство на тандемот Заев-Филипче оди во политички стечај“, потенцираат од владејачката партија.

Поврзани вести