Skip to main content

Трајков:Нашиот европски пат е единствената зацртана цел и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваме

Facebook/Viktorija Trajkov

Утрово бев дел од состанокот на Етичкиот Комитет на Европската народна партија (ЕПП).
Ги презентирав нашите позиции и потенцирав дека Македонија е целосно посветена на Реформската агенда особено во делот на реформи во судството. Нашиот европски пат е единствената зацртана цел и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваме.
Исто така ја нагласив нашата одлучна борба со криминалот и корупцијата особено во делот на високата корупција, објави заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на Фејсбук.

Поврзани вести