
Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Тозиевски истакна дека по 15 години конечно е одблокирана општината.
Тозиевски нагласи дека во изминатите четири години реализирани биле 170 проекти од сите сфери и потребите на граѓаните.
Во наредните четири години планираме реконструкција на градскиот плоштад, обнова и реконструкција на скијачкиот центар на Галичица, изградба на катна гаража, изградба на обиколница околу Ресен, нагласи Тозиевски.
Тој посочи дека се планирани и инвестиции во патната инфраструктура, канализационата и водоводна мрежа.
Ќе работиме на урбанистички планови за туристичките и викенд населби, а поддршка ќе има и за овоштарите и земјоделието, посочи Тозиевски.
Додаде и дека ќе се воведе видео надзор на повеќе клучни места во градот. Најави изградба на етно село, поддршка за туризмот, промоција за заштита на езерската природа, развој на економадски туризам.
Ќе биде изработена физибилити студија со соработка со домашни и странски експерти за заштита на Преспанското езеро кон долгорочно управување со овој уникатен еко систем. Ќе бидат идентификувани причините и влијанијата, предлог мерки за заштита. Преку вклучување на трите држави ќе биде направена хидролошка анализа, еколошка проценка и препораки за понатамошни активности, нагласи Тозиевски.