
Осомничени досега се повеќе од 20-тина луѓе, согласно последните информации кои ги добив за најголем дел од нив веќе се извршени разговори со истите. Дел од тие веќе се во притвор, дел од нив се од луѓето коишто биле во рамки на овој објект како повредени и дел од нив исто така во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден по насока на Јавен обвинител ќе постапуваме и ќе бидат спроведени согласно закон до надлежен судија по претходна постапка за оние кои Јавното обвинителство ќе оцени дека треба да бидат така процесиуирани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител.
Министерот Тошковски истакна дека досега се констатирани основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 292 од КЗ.
Досега морам да истакнам дека констатирани се основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност по 288 од КЗ, како и 292 кривично дело тешки дела против општата сигурност коишто се дефинирани за ваков тип на размери каде имаме смртни последици во ставот 2 од предметниот член и се предвидени навистина доста ригорозни казни. При што од сите оние сите основи на сомнение кои ги имаме досега од она коешто сум информиран од страна на Јавното обвинителство станува збор за една доста обемна документација, истрага која се спроведува, се вршат увиди на лице место, односно претреси во повеќе простории, се вршат увиди во рамки на министерство за економија во текот на вчерашниот ден, во рамки на други институции“, вели Тошковски.
Тој потенцираше дека нема да има милост за никого и секој еден ќе одговара.
Нема да има буквално милост за никого, секој еден којшто допринел директно или индиректно, посредно или непосредно во рамки на оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија заради којашто плаче секој еден Македонец ќе одговара. Нема да е како досега во случаите“, рече Тошковски.
Министерот укажа дека многу недобронамерници на оваа земја пробуваат да ја дефокусираат и манипулираат јавноста.
Гледам дека многу недобронамерници на оваа земја во изминатите денови наместо да покажат разум, она коешто нормален човек треба да го покаже во рамки на ваква трагедија, тие пробуваат да ја дефокусираат, манипулираат јавноста итн., со дејствијата кои ги преземаме по насока на Јавен обвинител моментално како осомничени имаме луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување на лице место, луѓе на позиција да согласно нивни овластувања изготват одредена документација која била незаконита“, заклучи Тошковски.