Skip to main content

Средба на Сиљановска-Давкова со европратеникот и известувачот на Европскиот парламент, Вајц

Фото: Кабинет на Претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас.

На средбата се разговараше за македонската европска интеграција, можностите и условите за деблокада на нашиот пристапниот процес, како и за политиката на проширување на Европската Унија, низ призма на геополитичките закани и употребата на ветото.

Сиљановска-Давкова ги поздрави обидите и напорите за објективен пристап во известувањето на Вајц, како и неговиот јасен став став дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија.

Во пресрет на извештајот на ЕК, соговорниците разменија мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување, врз основа на воочените  проблеми.

За Сиљановска-Давкова важно е да се забрза и заштити од ирационални опструкции динамиката на европската интеграција и да се овозможи посилна институционална заштита на принципот на заслуги во пристапниот процес.

Таа посебно укажа на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, во коишто се предвидени почитувањето на националниот идентитет, уставните и политичките структури, како и обврската на земјите – членки за искрена соработка и не поткопување на целите на ЕУ, констатирајќи дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања врзани со идентитетот, историјата и јазикот, се во судир со овие одредби.

Претседателката потсети на нашите тешки и дотогаш непознати компромиси во изминатите децении во интерес на европската интеграција, потсетувајќи дека не само што не е остварено членството, туку не се почнати ни преговорите.

Вајц ја објасни својата добра намера, неутралност и посветеност на процесот, укажувајќи на реалната доминација на политиката, темелно ја запозна претседателката со сите превземени активности во врска со македонско-бугарските релации, укажа на потребата од посегање на пријателски чекори од обете страни, потенцирајќи ја цврстата решеноста на ЕУ за проширување.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetpusulabetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomjojobet telegramjojobet güncel girişjojobet güncel girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetJOJOBETzbahisroketbet