
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на својата посета на Њујорк, оствари средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти.
-Остварив средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која разговаравме за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји, напиша Мицкоски во објава на својот „Фејсбук“ профил.
Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог во насока на стабилен, поврзан и просперитетен регион, додава тој.

Македонски


