Skip to main content
m8Ky01tfRvY

Татко на починато момче: Не се плашете кажете ја вистината, златни дечиња изгореа како глувчиња

Срцепарателни пораки и сцени се случија денес на протестот кој се организира во Кочани поради големата трагедија која не потресе сите вчера.

Татко на едно од момчињата кои за жал го загубија животот во пожарот со солзи и лелек го искажа својот револт кон случајот и побара одговорност.

“Господе казни ги, златни дечиња ни изгореа како глувчиња”, истакна тој велејќи дека не се плаши повеќе од никого, веќе не е жив, па доколку сакаат можат да го убијат поради тоа што го кажува.

“Не се плашете луѓе, и вие имате луѓе кои ви починаа, кажете ја вистината”, истакна тој извикувајќи фашисти.

Поврзани вести