Skip to main content

Aлбанците се кренаа против изградба на комплексот на зетот на Трамп

Во Тирана одржан е 21. протест против проектот „Зврнец“, кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората – западноевропските земји и САД.

Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан,  поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во заштитени подрачја, и оној за прогласување стратешки инвеститори.

Откако најпрво се собраа на плоштадот Скендербег, демонстрантите маршираа кон зградата на владата, каде повеќе граѓани зборуваа пред насобрана толпа.

Дијаспората дојде затоа што влегува во сопствениот двор. Заедно ќе излеземе како победници од овој плоштад и ќе ја изградиме оваа земја, изјави еден од демонстрантите.

По повеќе од два часа говори, тие го започнаа маршот, околу владата, низ градот и познатиот објект “Пирамида”.

Мал број од нив ноќта ја минаа пред владата, порачувајќи му на премиерот Рама и на опозицискиот лидер Сали Бериша ” да заминат од политичката сцена”. 

Предупредија на радикализација на протестите

Поврзани вести